Ракометарите на Вардар во саботниот натпревар против Барселона не успејаа да се вратат со позитивен резултат, но и покрај тоа Арпад Штербик повторно се најде во Топ 5 одбрани, овојпат со одбраната од контрата на Кире Лазаров.
Голманот на Вардар го освои петтото место, во рамките од 7-то коло од Лигата на шампионите. Најдобрата одбрана на колото ја имаше Никлас Ландин од Кил, а пак, најубавиот гол е дело на Педро Родригез од Ла Риоха.
Одбраната на Штербик, како и останатите четири одбрани може да ги погледнете ТУКА.