Речиси како и на сите натпревари одиграни сезонава во Лигата на шампиони, и на дуелот со Барселона Арпад Штербик блескаше на голот. Извонредни 15 одбрани, кои за жал не беа диоволни Вардар да остане непоразен во дуелот со големата Барселона. Сепак, ЕХФ му даде значење на овој индивидуален успех на Штербик, избирајќи го на голман на колото.
Покрај Арпад Штербик, во идеалниот тим се најдоа уште Мануел Линигер од Кадетен (лево крило), Никола Карабатиќ од ПСЖ (лев бек), Деан Бомбач од Пик Сегед (среден бек), Лука Шебетиќ од Загреб (десен бек), Виктор Томас од Барса (десно крило) и Ренато Суслиќ од Веспрем (пивот).