Во рамките на ВИП Супер лигата, денес се одигра одложениот натпревар од 7-то коло во кое се сретнаа екипите на РК Металург и ГРК Борец. Очекувано, подобра беше екипата на Металург која ја совлада екипата на ГРК Борец со високи 32:17 (19:9). Се беше јасно уште на самиот старт на оваа средба, кога избраниците на Червар поведоа со 6:0, а гостите својот прв гол го дадоа скоро во 10-тата минута. Највисоката предност на Металург во првото полувреме достигна до +10, 19:10. Второто полувреме беше само формалност, а предноста на Металург од минута во минута растеше. На крајот таа предност достигна до +15, за конечни 32:17.

Најефикасни на оваа средба од екипата на Металург беа Филип Талески со 8 и Марко Бувиниќ со 7 голови, а од екипата на ГРК Борец, Злате Стојковски со 5 голови.

Табела:

1. РК Металург               30

2. РК Охрид                       24

3. РК Работнички          21

4. РК Прилеп                   18

5. РК Вардар Јуниор   15

6. РК Радовиш               15

7. РК Пелистер               9

8. РК Тинекс Пролет    9

9. ГРК  Борец                    7

10. РК Металург 2         1