Тренерите на Киелце и Вардар, Талант Душебаев и Раул Гонзалес, ги објавија составите за денешниот дерби натпревар во групата Б од Лигата на шампиони. Како што претходно најавивме, во споредба со минатиот меѓусебен дуел, во тимот на Киелце се враќаат Зорман и Лијевски, а ќе го нема и Ткачик. И понатаму поради повреда, не настапува Јуркевич, големото засилување од Висла Плок на почетокот од сезонава. Кај Вардар, покрај повредениот Деревен, овој пат ќе го нема и Карачиќ и Ангелов.
Составите на двете екипи се:
Киелце: Шего, Шмал, Агинагалде, Бјелецки, Бунтиќ, Храпковски, Чупиќ, Јахлевски, Јурецки, Кус, Лијевски, Рајхман, Штрлек, Вујовиќ, Зорман.
Вардар: Штербик, Милиќ, Абутовиќ, Брумен, Циндриќ, Дибиров, Душебаев, Горбок, Лацковиќ, Лазаров, Манасков, Македа, Марсениќ, Шишкарев, Стоилов, Тоскиќ.
Мечот е со директен пренос на МРТ1, со почеток во 16:00 часот.