Како што објави на својата веб страна, Ракометната Федерација на Македонија денеска испрати писмо со намера до Европската и Светската ракометна федерација, претставувајќи ја подготвеноста на Македонија за организација на квалификациската група за Олимписките игри во Рио 2016.

Според информацијата од РФМ, на ИХФ Конгресот што во ноември се одржа во Сочи, Претседателот на ЕХФ – Жан Бријо и Потпретседателот на ЕХФ – Арне Олафсон им посочија на земјите кои се во конкуренција за учество на квалификациските турнири, да ја изразат својата намера во писмена форма за организација на еден од тие турнири.

По завршувањето на Азиското Првенство на кое Катар ја освои шампионската титула, само уште еден филтер преостанува пред Македонија да обезбеди учество во една од трите квалификациски групи за Олимписките Игри 2016. Тој филтер се однесува на Европското Првенство во Полска во јануари, каде доколку титулата ја освои Франција, Полска, Шпанија, Данска, Хрватска или Германија, тогаш Македонија поради пласманот на СП во Катар ќе обезбеди место на квалификацискиот турнир за ОИ.