Спортскиот портал Handballl Planet изминатиот месец организираше избор на Мизуно светски ракометар и идеален тим за 2015 година, веќе петти пат во низа. Избор во кој се вклучени 29 новинари од целиот свет и секако сите љубители на ракометот, па со комбинација на нивните гласови ги одбираат најдобрите.

По завршувањето на гласањето, за најдобар светски ракометар за 2015 година го избраа Никола Карабатиќ. Додека во идеалниот тим за 2015 година, за најдобар десен бек е избран нашиот капитен Кире Лазаров!

80те најдобри играчи за 2015 година

  • Лево крило: Гудјон Сигурсон (Барселона)
  • Лев бек: Микел Хансен (ПСЖ)
  • Среден бек: Никола Карабатиќ (ПСЖ)
  • Десен бек: Кире Лазаров (Барселона)
  • Десно крило: Виктор Томас (Барселона)
  • Пикер: Јулен Агинагалде (Киелце)
  • Голман: Даниел Шариќ (Барселона)
  • Одбранбен играч: Виран Морос (Барселона)