Во насока на следење на трендовите на европските клубови, ракометниот клуб Вардар се насочи кон едуцирање и мотивирање на младите да се занимаваат со спорт преку формирање на младински ракометни школи и Ракометна Академија на Вардар.

Ракометна Академијата на Вардар е составена од 20 регионални единици, кои работат по систем на работа создаден од стручниот тим на Вардар и главната улога на академијата е да им се посвети поголемо внимание на младите генерации, каде покрај тоа што ќе ги научат основите на ракометот на тренинзите, преку одигрување на натпревари во Вардар Јуниор Лига, вистински ќе се насочат во ракомет и ќе имат забрзан развој и динамичен напредок со оно што научиле.

[one_third]akademija1-vardar[/one_third]

„Би сакала да истакнам дека Вардар како спортски бренд и водечки тим во Македонија ги следи и младите и секој нивен спортски чекор, и со вложувањето токму во младата генерација и нивното насочување кон спортот ќе помогне и во градењето на вистинските карактерни особини кај секое дете, истовремено да расте здраво и да се развива правилно“ – изјави Тања Медвед, спортски директор на РК Вардар.

Во недела, 13 декември 2015 од 10:00 до 19:00 часот, ќе се одигра трето коло од Вардар Јуниор Лига во СЦ Кале, каде се натпреваруват и најмалите категории на Ракометна Академија Вардар родени во периодот од 2004 до 2009 годиште. Истовремено ќе имаат голема поддршка од својите идоли ВАРДАРОВИ ЅВЕЗДИ од женска сениорска екипа на РК Вардар.