Ракометарите на Металург по завршувањето со обврските во Лигата на шампионите, продолжуваат со натпреварите во ВИП Супер лигата. Веќе денес во Автокоманда ја пречекува екипата на Охрид, како заостанат натпревар од рамките на 12-то коло, кое се оддржа изминатиот викенд.

На денешниот натпревар се среќаваат првопласираниот и второпласираниот тим, каде ракометарите на РК Охрид ќе пробаат да го изненадат фаворизираниот Металург, кој до сега нема загубено ниту ден бод. Каде со евентуална победа на охриѓани, би му се доближиле на само 3 бодови разлика.

Натпреварот започнува од 18:00 часот, во СЦ Автокоманда.
Судии на натпреварот се: Кркачев Сашо и Колевски Ѓоко од Скопје.
Делегат: Николовски Ацо од Скопје.