Во натпревар од 14-тото коло од ВИП машката Супер лига, тимот на Тинекс Пролет успеа да слави над домаќинот РК Металург 2, 21:27 (9:14).
Во воведните минути од оваа средба имаше изедначена игра и од двете страни (7:7), се до пред крајот на првото полувреме кога гостите успеаа резултатски да се одлепат на +3, а до самиот крај на полувремето и на +5, 9-14. Во второто полувреме водството на Пролет се зголемуваше од минута во минута, но младите ракометари на Металург 2 не се предаваа, па со добра игра успеаа да ја намалат негативата и да ја преполоват предноста. Но, сето тоа не беше доволно за пресврт, па ракометарите на РК Тинекс Пролет сосема заслужено славеа со резултат 21:27.
Најефикасни на овој натпревар беа Димитриоски од Металург 2 со 6 голови и Андоновски од Пролет со 11 голови.