Средниот бек на РК Металург, Лука Мраковчиќ се најде меѓу 10-то најдобри дебитанти оваа сезона во Лигата на шампионите. Младиот и талентираниот хрват прикажа одлични игри на почетокот на сезоната, каде беше еден од клучните играчи во нападот кај „плаво-белите“. За жал, повредата на неговата рака го острани од теренот на последните натпревари на Металург, но тоа не влијаеше врз раководството на ЕХФ за да не го изберат помеѓу најдобрите дебитанти, бидејќи Мраковчиќ го заслужи тоа!
Останатите девет ракометари се: Ласе Андерсон (Колдинг), Руне Дамке (Кил), Џери Толбринг (Кристијанштад), Лудовик Фабрегас (Монпелје), Блаж Јанц (Целје), Димитри Кутел (Шафхаузен), Дарко Ѓукиќ (Бешикташ), Густаво Цезар Родригез (Порто) и Александар Котов (Чеховски медведи).
Вашиот глас за Лука Мраковчиќ може да го дадете ТУКА, а повеќе за неговата кариера и животот може да прочитате во интервјуто што неодамна му го направивме.