Селекторот Обрван на ден пред стартот на ЕП во Полска соопшти дека Филип Лазаров нема да биде дел од составот со кој утре ќе настапи нашата репрезентација против селекцијата на Франција. Причина за овој потег на Обрван се се уште несанираните во целост повреди што ги има Лазаров, па токму заради тоа не треба да се ризикува.
Репрезентацијата на Македонија утре го игра својот прв натпревар во 18 часот против Франција, а судии на овој натпревар се на нам добро познатите Гјединг и Хансен од Данска.