Македонскиот репрезентативец, Филип Миркуловски жали за испуштената можност за позитивен резултат на денешниот натпревар против фаворизираната Франција. Но, Миркуловски изјави дека поразот е веќе минато, дека сите мисли веќе се префрлаат на следните два натпревари.
“Жал ми е што го испуштивме натпреварот за само две минути. Можеби дури и победата немаше да ни промени многу во групата, но кога веќе имавме шанса, зошто да не ја победиме Франција. Но продолжуваме понатаму, не очекуваат нови натпревари“ – изјави Миркуловски веднаш по натпреварот.