Македонскиот селектор, Ивица Обрван на пресот изјави дека е презадоволен од своите избраници и нивната игра на натпреварот против Франција, чиј конечен исход беше апсолутно нереален ако се знае дека на осум минути до крајот франзуците имаа предност од само еден гол.
„Доколку некој се сомневаше како ќе играме, дали ќе се чуваме за третиот меч, мислам дека денеска сите го видоа одговорот. Одигравме машки, одлично се држевме до самиот крај, вистинска штета е што не издржавме повеќе од 55 минути. Не би рекол дека сум незадоволен од самата завршница, едноставно нормално е кога ќе почувствувате дека немате шанси да победите, да дојде до пад на концентрацијата кај вас. Штета, имавме свои шанси, но не успеавме да останеме во мечот до самиот крај. Како и да е, веќе се вртиме кон Полска, и против домаќинот ќе одиграме најдобро што знаеме“ – изјави Ивица Обрван.