Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров беше најефикасен со 9 постигнати погодоци. Вистински предводник на нашата репрезентација, кој веднаш после натпреварот даде свој коментар за натпреварот.

„Тешко е да се каже нешто паметно после ваков натпревар. Се договоривме да го дадеме максимумот и да фатиме ритам за она што следи. Се работи за Франција која е најсилна селекција. На полувреме се виде дека можеме да играме. Имавме добар старт на второто полувреме. Послабо ја напаѓавме 5-1 одбраната на Франција, но со неколку технички грешки го загубивме овој меч. Најважно е утре да се одмориме и да се подготвиме за следниот натпревар. Полска е домаќин, но не е на нивото на Франција. Ќе се обидеме да одиграме на исто ниво и да дојдеме до добар резултат.“ – изјави Кире Лазаров.