Голманот на Макс Струмица, Благојче Трајковски ќе ја продолжи својата кариера во екипата на РК Охрид. После сите случувања со струмичкиот тим, се очекуваше најдобриот голман на полусезоната во регионалната СЕХА лигата и единсвената светла точка во Макс Струмица да замине од тимот.

„За мене е големо задоволство што потпишав со еден од најдобрите клубови во Македонија. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата и со Охрид ќе стигнеме до планираното за оваа сезона“ – изјави Трајковски.

МакРакомет му посакува многу успеси и да продолжи со своите одлични игри. Ова засилување на РК Охрид оваа сезона во машката ВИП Супер лига, може да доведе до интересна борба во плеј-офот во Супер лигата.

ФОТО: www.ohridnews.com.mk