Рaкoметaрките нa Вaрдaр денес сo пoчетoк вo 16:00 чaсoт гo игрaaт мечoт oд втoрoтo кoлo oд глaвнaтa фaзa вo ЛШ, прoтив еврoпскиoт првaк Будуќнoст. Индира Кастратовиќ ја прифати фаворизираната улога на Будуќност, и воедно изјави дека оваа година се позрели и дека ќе одат на победа на овој дебри натпревар.

„После победата над Букурешт почнавме да се спремаме за овој натпревар и најбитно е што не смееме да се предадеме. Против Будуќност сме играле доста пати и секој натпревар е важен. Сега одиме таму и ќе се потрудиме да смениме нешто од минатото и ќе видиме дали ќе имаме позитивен резултат.Будуќност е фаворит, но ние одиме на победа. Поразлична е играта на Будуќност во однос на минатата сезона бидејќи сезонава немаат многу играчи кои можат да ги менуваат а сепак се работи за силно темпо од 60тина минути. Но исто така сметам дека и ние сме позрели оваа година.“ – изјави Индира Кастратовиќ.