Ракометарките на ЖРК Вардар доживеаја убедлив пораз (31-19) од Будуќност во второто коло од главната фаза во Лигата на шампионките. Натпревар во кој уште на самиот почеток ракометарките на Будуќност покажаа дека бодовите ќе останат во Подгорица, кога направија серија од 7:0 и уште на почетокот поведоа со 8:3.

Вардарки делуваа изгубено и уплашено, не покажаа буквално ништо во одбраната, иако пред натпреварот најавуваа дека ќе одиграт цврста одбрана. Во нападот не беше поразлично, високата и цврста одбрана на Будуќност не им даде шанса на нашите ракометарки да го видат голот, а кога ќе дојдоа до некаква шанса за погодок, на голот блескаше Марта Ждериќ која имаше 10+ одбрани во првото полувреме.

Без идеја во нападот и лесно пробушливата одбрана на вардарки скапо ги чинеше, со што веќе на полувреме заминаа со убедливи 16:8.

Во второто полувреме ништо не се промени, покажаа малце заби и ја намалија негативата на 4 погодоци (21-17), но толку беа силите. Повторно во завршницата доминираа ракометарките на Будуќност, кои сосема заслужено го демолираа вардар со конечни 31:19.

Најефикасни на натпреварот беа Сокач со 5 и Кликовац со 4 погодоци, додека кај домаќините Цвијиќ со 7 од 7 погодоци беше најефикасна и голманката Марта Ждериќ со 19 одбрани.

Следен натпревар на ЖРК Вардар е против шведски Савехов.