Ракометарките на Вардар Јуниор ќе играат четвртфинале во Челинџ-купот, откако денес повторно ја совладаа екипата на Минаква Војводина со 31:27 во СЦ „Јане Сандански“. Со што овие млади ракометарки остварија историски успех со пласманот меѓу осумте најдобри во Челинџ-купот.

На вчерашниот натпревар триумфираа со 26:24, со што на денешниот натпревар со сигурна игра и цврста одбрана покажаа дека се поквалитетни од гостите и заслужено продолжуваат понатака.

Најефикасни на денешниот натпревар беа Керамитчиева и Нолевска со по 9 погодоци, додека кај гостите Ана Лазиќ и Милица Ранчиќ кои постигнаа по 7 погодоци.

МакРакомет им честите и им посакува уште многу успех во понатамошното натпреварување во Челинџ-купот!