Ракометарките на ЖРК Вардар Јуниор со двете победи над екипата на Војводина ги продолжија натпреварите во Челинџ купот. Во четвртфиналето противник на ЖРК Вардар Јуниор ќе биде екипата на украински Карпати. Првиот натпревар ЖРК Вардар Јуниор го игра на домашен терен на 20/21 Февруари, а реваншот е седум дена подоцна во Украина.
Доколку ЖРК Вардар Јуниор оствари поволен резултат, веќе во следното коло ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу турската екипа Кастамону и холандската Вирто.