Ден за одмор за нашата репрезентација. Време да се исчистат главите и да се вратат насмевките кај нашите ракометари, а доколку Обрван е сериозен имате право да го измачувате додека не се насмее. Ден за групите Б и Ц.
Моќните Викинзи не успеаја да ја изгасат Германската машинерија, Шпанците и Словенците во една тактичко спротивна варијанта, во дуел помеѓу два тренери кои се легенди на Шпанскиот ракомет одиграа без победник, иако Словенците беа пред голем триумф. Младите, но се поискусни и повеќе желни за борба Црногорците, им се спротиставија и повеќе од достојно на фаворитот Данска, а пак “зборнаја” ги направи Унгарците нешто слично на онај Унгарски гулаш, но по изгледот на лицето на Душебаев, сигурно не им беше баш по вкус.
Русија – Унгарија
Овој меч започна во знакот на разиграните Руси. Дефинитивно дојдени се со висока цел и предводени од одличниот некогашен играч на онаа златна генерација на Русија, Димитри Торгованов. Овој човек како да вметна нешто во руската репрезентација што го немаше сите овие години наназад. а тоа е подвижност и разиграност. Се започна и заврши во знакот на младиот руски голман Киреев ,кој со 17 одбрани блесна на голот на Русија. Нападот го предводеа одличната тројка Горбох, Атман и Душебаев. Цврсти во одбраната, како ретко до сега, не дозволија Ласло Наџ и дружината да помислат на било какви бодови. Иако на самиот крај Унгарија се доближи на само еден гол разлика, сето тоа беше недостижно, еден али два бода вреден гол на табелата за Русија и огромна шанса за натамошниот дел од првенството. Краен резултат 27:26
Словенија – Шпанија
Словенците важат како едни од фаворитите на ова првенство, но по првиот дел од ова натпреварување тоа воопшто не изгледаше така. Како да имаше мала доза на недоразбирање помеѓу играчите и Вујовиќ, но се чини дека сето тоа исчезна и го немаше повеќе она вртење на грб на тајм-аутите од страна на Зорман. Сега сите внимателно слушаа и се надополнуваа и сето тоа се почуствува и на теренот. Словенците започнаа одлично и по неколкуте технички грешки на Шпанците веќе беа на 3-4 разлика. Ваква беше ситуацијата низ целиот прв дел, за да Словенците отидат на полувреме со 3 разлика 13-10. Второто полувреме иницијативата ја превзедоа Шпанците. Сега си ги променија улогите, па така се што ќе погрешеја Словенците, тие казнуваа. Македонците ако имаа 24 секунди против Полска да реализираат за нерешено, овдека Словенците имаа два напада и две минути за победа и не успеаја да реализираат и на крај никој не фрлаше со камења кон нив. Овој натпревар бодовите ги поделија двата тимови и завршија со нерешен резултат 24:24, но сепак ќе се согласиме дека Словенците ги заслужија двата бода.
Данска – Црна Гора
Данците важеа како фаворити, но само на хартија. Црна Гора влезе многу сигурно во мечот и уште од почеток ја имаше иницијативата и водството. Младите црногорци предводени од Борозан, отидоа на полувреме со водство од плус два 16:14. Почетокот им припадна на Данците кои направија серија од 4:0 и го превзедоа водството, и повторно оние несфатливи апчиња кои ги користат балканските тимови за време на полувреме “апчиња за опуштање”. По оваа серија од 4:0, Црна Гора фаќа повторно приклучок во последните десетина минути, дури и преминува во водство. Гол за гол се игра се до последните две минути, кога по серија технички грешки ЦрнаГора прима два голови, по што Данците на искуство издвојуваат минимална и незаслужена победа од 30:28.
Шведска – Германија
Кога би се вратиле добри 10 до 12 години наназад ,сигурно овој дуел би бил спектакл каде би продефилирале најголемите светски ѕвезди од ракометниот занает. Но тоа е што е, 2016 и двете екипи со подмладени состави и не така звучни имиња во нив. Но, кога е ракометот во прашање самото име Германија прави морници, а пак Шведска е поим за млади играчи и неизмерен број на млади таленти кои ги поседуваат Швеѓаните. Ракометот е игра која се игра цели 60 минути, но кога играте со Германците бидете спремни да играте и 120. Ова како да го подзаборавија Викинзите и по фантастичното прво полувреме кое го добија со 17:13, како да подзаспаа. Не би биле Германци ако не го искористат секој момент на слабост кај противникот, па така и овдека младите германци прават тотален пресврт и го вртат натпреварот во нивна полза и на пет минути пред крајот имаа гол предност и играч помалце. Но сето ова како да беше премногу за Швеѓаните, кои не успеаја да постигнат гол во неколку наврати и на крај се чини дека и заслужено го загубија овој меч со резултат од 27:26.

Драги наши читатели направивме една кратка ретроспектива со што се надеваме дека го задржавме вашето внимание,а вие немој да заборавите дека во 18:15 часот нашите момци тргнуваат во последната битка и во борбата за пласман во понатамошниот дел од ова натпреварување против тимот на Србија.

Да бидеме сите со нив и да им ја дадеме целата наша позитивна енергија зошто ќе им треба.

Автор на текстот: Томислав Угриновски