Вечер да се биде или не за Македонија и Исланд. Вечер каде cпецијалните се судрија со домаќините, а Таурон арената како никогаш до сега ечеше.

Белорусија – Норвешка
Овој натпревар го отворија Белорусите кои делуваа многу сигурно во себе, знаејки дека со можна победа над Норвешка не само што мирно одат во втората фаза, него може и да пренесат бодови. Првите триесет минути одлични кои завршија во корист на Белорусија од 13-12. Но во второто полувреме, Рутенка и пријателите влегоа во криза, а Норвежаните многу итро го искористија тоа и ја превзедоа комплетно контролата врз мечот, за на крајот да издвојуваат победа од (29:27). Со оваа победа Норвежаните се зацврстија на првата позиција во првиот круг и пренесуваат максимален број на бодови во вториот.
Хрватска – Исланд
Во овој меч сите очекуваа една израмнета борба, знаејки дека бод за Исланд би значел премногу. Од очекувањата ништо, Хрватска како во најдобрите денови се разбуди од сон и буквално ја демолира екипата на Исланд. Дувњак со својата коњаница ги прегази исланѓаните кои немаа никаква шанса ни во еден дел од мечот. Хрватите демонстрираа моќ низ целиот натпревар и без никаков проблем ја одведоа утакмицата до финишот со резултат од (37:28) и сигурно второ место за Хрватска. Нажалост веќе нема да ги гледаме Исланд, кој со овој пораз веќе се на пат за дома.
Македонија – Србија
Тежок натпревар како планина за нашата селекција. Започна се така изедначено и тешко. Шешум ја одржуваше Србија во живот, а Манасков Македонија. На полувреме отидовме со (13:13). Второто полувреме започна исто тегнење без граници, психолошли меч се до последната секунда. Џукиќ среќно беше пронајден на крилната позиција по малото невнимание на Манасков и ја протна топката помеѓу нозете на Борко за водство на Србија од 27:26 на само некои 10 селунди пред крајот. Ако Столе беше паричката во лебчето во претпоследната акција сега тука беше Манасков. Но, Манасков не беше среќник него мајстор над мајсторите. По добиената топка од Кире ладнокрвно погоди со звукот на сирената за 27:27 и ја одведе Македонија во понатамошниот дел од ова натпреварување.
Франција – Полска
Кога се чинеше дека Франција ќе ги заузда лутите домаќини и ќе го загорчи вкусот на Жубровка, тогаш се деси спротивното. Французите се изгубија, а домаќините го полнеа голот на Омејер. Французите немоќни. а домакините максимално бодрени од 15.000 грла, спектакл во Таурон арената, кој домаќините го крунисаа со една волшебна игра и голема победа над моќната Франција дури со 6 голови (25:31).

Драги наши читатели тоа е се за денешниот ден и групите А и Б.Екипите кои продолжуваат понатака денеска имаат ден за одмор, а нашите ракометари дефинитивно полнење на батерии.

Автор на текстот: Томислав Угриновски