Десното крило на македонската репрезентација, Гоце Георгиевски на прес-конференцијата после натпреварот со Норвешка изјави дека треба да жалиме тоа што не извојувавме победа, бидејќи во поголемиот дел од натпреварот имавме водство.
„Ние треба да жалиме што не извојувавме победа на овој меч. Имавме водство во поголемиот дел од натпреварот, на крај имавме и напад за победа, но не го искористивме. Но, што е тука е, одигравме нерешено со една одлична репрезентација. Ни останува последниот натпревар со Белорусија за кој мора добро да се подготвиме и да го добиеме“ – изјави Георгиевски.
Георгиевски натпреварот го заврши со 2 погодоци, од три обида.