Македонскиот репрезентативец Немања Прибак игра одлично на овој шампионат, го дава својот максимум на секој натпревар. Несомнено така беше и на денешниот натпревар против Норвешка, каде повтоно во инфаркт завршница Македонија не успеа да ја забележа првата победа ова првенство.

Видно разочаран по натпреварот, Немања изјави дека наместо три добиени натпревари, имаме две нерешени, поради неразбирливите грешки и падовите во финишот од натпреварите.

„Игравме против силна репрезентација која атакува на медал, а која досега совлада многу кандидати за висок пласман поради што нерешениот исход не може да биде неуспех сам по себе. Но, криво ми е што непобедивме бидејќи одигравме одлично прво полувреме. Имавме необјаснив пад, како и на неколку средби претходно во Краков. И, сега наместо три добиени натпревари, имаме два нерешени. Но, тоа е врвниот спорт. Сакавме победа, игравме со срце, но …“
– изјави Прибак.