македонија репрезентација ракомет

Со завршувањето на шампионатот на Африка, пополнета е групата за олимписките квалификации во која ќе игра и македонската ракометна репрезентација. Тоа е репрезентацијата на Тунис, која вчера загуби во финалето од Купот на Африкански Нации од домаќинот Египет со резултат 21-19, кој па доби дирекна виза за Рио како прваци на Африка.

Македонија за пласнам на ОИ 2016 во Рио, ќе се бори против репрезентацијата на Полска (третопласирана од СП во Катар), Тунис (втор од шампионатот на Африка) и Чиле (трет од шампионатот на двете Америки).

Олимписките турнири ќе се играат од 7-10 Април, а двете првопласирани репрезентации од секој турнир ќе изборат учество на игрите во Бразил.

  • Група 1: Полска, Македонија, Чиле, Тунис.
  • Група 2: Шпанија или Данска, Словенија, Иран, Шведска.
  • Група 3: Данска или Хрватска или Германија (две од трите селекции), Норвешка, Бахреин.

Домаќините на турнирите дополнително ќе бидат одредени, но неофицијално се збори дека тоа ќе биде Полска.

Репрезентации кои веќе обезбедија пласман на ОИ во Рио се: Бразил (домаќин), Франција (светски првак), Катар (шампион на Азија), Египет (шампион на Африка), Аргентина (вицешампион на Америка).

*Директен пласман ќе обезбеди и европскиот шампион Шпанија или Германија.