На денешната прес конференција што се одржа по повод затворањето на уште едно успешно и одлично првенство беа извлечени и двојките кои ќе се борат во меѓусебен дуел за обезбедување учество на СП кое ќе се одржи во Франција 2017 година.
Нашата репрезентација за противник ја доби незгодната селекција на Чешка, која според искуството од претходните средби (24-24, 27-27, 32-28) се покажа како противник кој нималку не е наивен. Првиот натпревар нашата репрезентација го игра на гостински терен, а реваншот е седум дена подоцна на домашен терен. Овие два натпревари ќе се одиграат во месец јуни.
Останаите двојки за баражот за СПво Франција 2017 се:
- Србија – Унгарија
- Исланд – Португалија
- Белорусија – Латвија
- Данска – Австрија
- Полска – Холандија
- Русија – Црна Гора
- Словенија – (со поразениот од натпреварот за 3-тото место Норвешка – Хрватска)
- Шведска – Босна и Херцеговина