Светската Ракометна Федерација (ИХФ) ги објави имињата на земјите кои ќе ги организираат трите квалификациски турнири за Олимписките Игри во Рио 2016. Репрезентацијата на Македонија својот турнир ќе го игра во Гдањск во Полска против Чиле, Тунис и домашната репрезентација.

Македонија битката за Рио ќе ја води во периодот од 8-ми до 10-ти Април во Гдањск, каде ќе ги одигра трите натпревари, каде ќе проба да освои едно од двете места во групата кои водат во историски пласман на ОИ.

Турнирот ќе го отвориме против репрезентацијата на Полска, потоа со Тунис и на крај против репрезентацијата на Чиле:

  • Македонија : Полска (08.04.2016)
  • Македонија : Тунис (09.04.2016)
  • Македонија : Чиле (10.04.2016)

Најдоцна еден месец до почетокот на турнирот, поточно најдоцна до 8 март 2016 година, се очекува Обрван да го соопшти својот поширок список на ракометари кои ќе му бидат на располагање за овие три средби.