Имено станува збор за ракометниот клуб „ХЈС Работник” од Битола. Овој клуб е формиран во не многу далечната 2011 година. На чело на овој клуб стојат две македонски ракометни легенди, Александар Зарков и Иван Марковски, за нив двајца и не мора да се трошат премногу зборови, бидејќи тоа се луѓе кој оставиле една многу длабока трага во македонскиот ракомет и дефинитивно станува збор за големи професионалци кои знаат што прават.
Од 2011 година клубот работи континуирано до ден денеска и се натпреварува во првата машка лига, кадетска машка лига и пионерска машка лига.
За секоја пофалба е она што го прават овие луѓе. Во 2011 започнаа со една група на деца, кои сакаа да научат да играат ракомет, но со тек на време со одличните ментори постанаа вистински лидери во првата лига и само на чекор од Супер лигата.
Не ги кријат своите амбиции воопшто, па така во овој преоден рок во своите редови го доведоа и левото крило Игор Илиевски, кој до сега има настапувано за најдобрите суперлигашки клубови и станува збор за одличен и искусен ракометар.
Но, не е само Игор Илиевски, тука има една плејада на искусни ракометари кои настапувале во Супер лигата како: Фарук Мемич, Игор Трајковски веќе се поискусниот Стефан Талевски и ред други. Тука секако не треба да се занемари уделот на младите ракометари како: Дарио Петровски, Стефан Христовски, Петар Николов, Бојан Каковски и останатите, кои кај и да се појават на турнирите во нашата држава и надвор од неа мора да однесат дома една од наградите за најдобри и најперспективни играчи.
Сега секако дека ќе се сложите со мене дека на повидок е една нова ракометна бајка, а во Битола една нова ракометна димензија. Им посакуваме уште поуспешна иднина, а доколку продолжат со ваква посветеност и работа зошто и да не им посакаме еден ден и титула.
Автор на текстот е Томислав Угриновски