Ракометарките на ЖРК Вардар дојдоа до нова победа и нови значајни 3 бода на гостувањето во Романија. Вардарки го добија овој дуел со +5, 25:30 (11:17) и со тоа се зацврстија на третата позиција на табелата. Составот на Букурешт имаше минимално и почетно водство на самиот старт на нaтпреварот, но потоа екипата на ЖРК Вардар со добра игра го презема водството. Избраничките на Кастратовиќ имаа константно водство во текот на целиот натпревар, а највисоката предност беше +7, 9:16. При крајот на второто полувреме, домашните ракометарки ја намалија предноста и дојдоа на -3, 20:23, но сепак тоа не беше доволно за целосен пресврт. Сепак на крајот, ЖРК Вардар успеа да слави со 25:30.

Во составот на ЖРК Вардар најефиксни беа Андреа Лекиќ со 9 голови и Андреа Пенезиќ со 7 голови, додека во составот на Букурешт Мартин со 6 голови и Торстен со 5 голови.

До крајот на оваа фаза, на ЖРК Вардар му преостануваат 2 натпревари. Следниот натпревар оваа екипа го игра на домашен терен, а противник е одличната екипа на РК Будуќност.