Мирјета Бајрамоска со 8 погодоци го торпедираше Хипо на домашен терен, со што нејзината екипа Крим дојде до првите два бода во групата А во Лигата на шампиони.

Крим убедливо триумфираше над австрискиот состав на Хипо со 32:20. Најзаслужна за првата победа оваа сезона на Крим беше нашата ракометарка, десниот бек Мирјера Бајрамовска која уште еднаш покажа дека е во најдобра форма.