На денешната седница на Управниот Одбор на Ракометната федерација на Македонија, Александар Јовиќ беше назначен за нов В.Д селектор на машката младинска репрезентација. Јовиќ иако беше дел од оваа репрезентација, овој пат ја доби улогата на В.Д селектор и доаѓа на местото на Влатко Неделковски.

Она што е за почит е и залагањето на тренерот на РК Металург, Лино Червар кој ќе ја надгледува работата и напредокот на оваа репрезентација.

„Александар Јовиќ, кој и претходно беше селектор на оваа генерација, ќе ја има улогата на ВД селектор како замена за Влатко Неделковски. Воедно, договорено е шефот на стручниот штаб на првиот тим на Металург, Лино Червар, да ја надгледува работата на оваа репрезентација, што е само доказ за сериозноста на пристапот што ќе се има кон оваа генерација“ – истакнаа надлежните на УО на РФМ.

На денешната средба исто така беше и назначен нов спортски директор на машката сениорска репрезентација. На местото на досегашниот директор Никола Панчевски доаѓа Милчо Чакарески.

Ова е едно своевидно враќање во ракометот, од еден друг аспект во ракометниот спорт. Оваа идеја се роди во момент кога пред македонскиот спорт е историска мисија. Со огромен ентузијазам да се вклучам, свесен за сите ризици кои би можеле да се случат. Целта е да ги релаксираме односите во репрезентацијата, да бидам една „спона“ меѓу ракометарите, стручниот штаб и новинарите. Оптимист сум дека ќе бидеме во Рио во август“ – истакна Милчо Чакарески.