Ракометарите на Вардар викендов го играат можеби и најзначајниот натпревар сезонава во Лигата на шампионите. Противник на вардарци е екипата на Пик Сегед од Унгарија. Вардар и на овој натпревар како и на претходните ќе биде ослабен без настапот на Карачиќ и на Деревен.
Во моментов екипата на Вардар има 14 бода и се наоѓа на петотто место на табелата, а пред него се токму Пик Сегед со 1 бод повеќе, како и екипата на Рајн Некар Левен од која беше поразен. Со победа над Сегед, вардарци ќе се искачат на третата позиција што автоматски им носи полесен противник во следната фаза.
Овој натпревар е избран за натпревар на колото, а ќе се одигра во недела со почеток во 17:30 минути.