Нашата женска сениорска репрезентација денес го игра првиот натпревар од двата против репрезентацијата на Словенија во рамките на квалификациите за ЕП во Шведска. Првиот натпревар, нашите ракометарки ќе го одиграат вечерва на гостински терен во Марибор, Словенија.
Во пресрет на овој прв натпревар, МакРакомет поразговара со пивотот Ивана Гакидова која накратко ни ги изнесе своите очекувања за овој натпревар.
,,Очекуваме да се покажеме во најдобро светло пред се со добра и цврста одбрана како и организиран напад и голема борба за секоја топка. Со оглед на тоа дека сме млада и неискусна репрезентација за разлика од нашиот противник, репрезентаијата на Словенија, сметам дека тоа е поголем мотив за нас да дадеме се од себе и да се докажуваме. За овие натпревари со Словенија можам да кажам дека максимално ќе се потрудиме, па зошто да не изненадиме. На ваква млада репрезентација и недостасуваат вакви тешки натпревари, ние тренираме напорно треба да бидеме трпеливи и чекор по чекор се надевам да достигнеме до врвот.“ – истакна Гакидова.
Овој натпревар е закажан со почеток во 17:30 часот.