Тренерот на плаво-белите Лино Червар нагласи дека победата на германскиот тим е сосема заслужена,
– „Не надиграа целосно. Тешко ми е да зборувам по едно вакво издание. Се обидувавме да сториме нешто, но бевме немоќни. Игравме недоволно агресивна одбрана за нив. Потфрливме и ја разочаравме публиката. Сепак и покрај тешкиот пораз јас стојам зад мојот тим. Треба да извлечеме поука од овој пораз“ – изјави Лино Червар на прес-конференцијата по мечот.