Екипата на Металург дојде до својата 15-та победа откако денес на домашен терен успеа да ја совлада екипата на Пелитер од Битола. Сосема очекувано, без никакви изненадувања избраниците на Червар лесно се справија со битолчани совладувајќи ги со 29:23 (15:9). Она што беше интересно на овој натпревар е тоа што поранешните ракометари на Металург, Маџовски, Маркудов, Даниловски, Топиќ прикажаа одлична игра и од нив доаѓаше најголемата опасност.

Вистинска борба се водеше во првите 15-тина минути кога се играше гол за гол, но веќе од 15-тата минута па натаму ракометарите на Металург направија серија и резултатски се одлепија на 9-4. По оваа серија, ракометарите на Пелистер тешко можеа да се вратат, па на заслужен одмор заминаа со -6, 15:9. Во второто полувреме немаше многу возбудувања, целосна контрола врз резултатот имаа домаќините и заслужено дојдоа до нова победа и нови 3 бода.

Најефикасни во составот на Металург беа Талески со 7 и Бувиниќ со 5 голови, а од екипата на Пелистер Маџовски со 7 и Дрогришки со 6 голови. Одлично се покажа и младиот голман на Пелистер, Даниловски кој имаше феноменални одбрани на натпреварот.

 

Фото: rkmetalurg.mk