Македонскиот репрезентативен голман, Борко Ристовски се наоѓа во одлична форма. Неговите одлични партии во дресот на Рајн Некар Левен ја потврдуваат формата, кој се надеваме ќе биде задржана за престојните квалификации за ОИ во Рио, кои ќе се одржат во Април.

Екипата на Рајн Некар Левен се наоѓа на првото место во Бундес-лигата, во Купот ќе играат во самата завршница, а додека пак во Лигата на шампионите во 1/8 ќе се соочат со ППД Загреб.

Можност плус за нашиот репрезентативец да ја оддржи својата форма и да постигне уште многу успеси во својата интернационална кариера.

Во продолжение погледнете дел од неговите најдобри и најатрактивни интервенции.