Пикерот на Вардар, Алем Тоскиќ заслужено се најде во идеалниот тим од реванш средбите во осминафиналето на Лигата на шампионите. Тоскиќ одигра феноменален натпревар, во кој беше незапирлив од својата позиција. Натпревар во кој постигна 8 погодици од исто толку обиди, што со право го избравме ние како играч на натпреварот, а веќе денес и ЕХФ го избра во најдобрите 7 ракометари.

Идеалниот тим:

  • Лево крило: Адерс Егерт (Флензбург)
  • Лев бек: Дмитри Житников (Висла Плок)
  • Среден бек: Стефан Вујиќ (ППД Загреб)
  • Десен бек: Денис Бунтиќ (Киелце)
  • Десно крило: Драган Гајиќ (Монпелје)
  • Пивот: Алем Тоскиќ (Вардар)
  • Голман: Никлас Ландин (Кил)

Фото: Мартин Димовски ( @Lacialec )