Вардар во еден тежок натпревар успеа да се избори за продолжување на европските натпревари оваа пролет, по минималниот триумф од 25-24 над екипата на Висла Плок.

Штербик со одбранетиот зицер на Никчевиќ стави точка на натпреварот, одбрана која ЕХФ ја прогласи за најубава одбрана во вторите осминафинални натпревари во Лигата на шампионите. Штербик бранеше феноменално низ целиот натпревар, со што неговите 18 одбрани само го потврдија тоа.

Даниил Шишкарев можеби не одигра најдобро, но постигна прекрасен погодок, кој се најде во Топ 5 погодоци во изборот на ЕХФ за втората рунда натпревари од осминафиналната фаза.

Изборот на најдобрите пет погодоци може да го погледнете на следниот ЛИНК.
Изборот на најдобрите пет одбрани може да го погледнете на следниот ЛИНК.