Средниот бек Ласко Андоновски е вистински предводник на екипата на Тинекс Пролет, еден од најтaлентираните македонски ракометари. Ракометарот со одлична прегледност и борбеност во играта, кој неколку пати беше дел од изборот на „Играч на неделата“, во разговор со МакРакомет ги сподели своите почетоци со ракометот, видувањата за состојбата на репрезентацијата, како и уште многу интересни работи за себе и својот клуб.
1. Oд каде љубовта кон ракометот? Кој или што е причината заради која почна да се занимаваш со ракомет? Кој беше главниот виновник за твоите почетоци во ракометот?
Па и не беше некоја љубов, туку едноставно желбата да се занимавам со некој спорт. А бидејќи во нашиот град ракометот е спорт број еден, така да изборот не беше тежок :-)
2. Имаш ли ракометни идоли? Кои се тие ракометари чија игра особено те инспирира и те тера да напредуваш? Особено не интересира за луѓе кои играат на твојата позиција?
Како и секое дете кое се занимава со спорт и јас имав свој. Кога започнав со ракомет актуелен беше Ивано Балиќ, така да, би го издвоил него како идол од моето детство. Додека сега немам некој посебен идол, туку се трудам да се надградувам себеси, пратејки натпревари од најсилните европски лиги.
3. Сезонава РК Тинес Пролет го осети чувството како е да се игра во Челин Купот. Се соочивте со белгиската екипа Сасја, но за жал, не успеавте да поминете во следното коло. Кое е твоето мислење за тој дуел, можевте ли подобро?
Како награда за добрите игри од претходната сезона, оваа сезона настапивме во европскиот Челинџ Куп, каде за нашата млада екипа беше едно големо искуство. Секогаш се може подобро, но со оглед на состојбата во која отпатувавме, со голем број на повредени играчи, мислам дека сосема солидно се претставивме и покажавме дека можеме да играме на високо ниво. Тука би ги спомнал управата и спонзорот Тинех кој ни овозможија одлични услови за едно вакво прекрасно искуство.
[one_third][/one_third]
4. Оваа сезона во ВИП Супер лигата не успеавте да се пласирате во плејофот. Ако можеше да смениш нешто, што би сменил оваа сезона која полека изминува?
Би го променил местото на табелата :-) :-) Можеби некој натпревари кој ги изгубивме за гол разлика, но да не се навраќам назад, наредната сезана со нашата млада екипа атакуваме на самиот врв!
5. Ќе играте во плеј-аут, кои се твоите очекувања? Дали повторно ќе ве гледаме следната сезона во ВИП Супер лигата?
Очекувам да завршиме на едно од местата од горнот дел на плеј аут табелата, така да со сигурност ќе бидеме дел ВИП Супер лигата. Истотака сакаме да се претставиме во добро светло и во македонскиот куп каде што Пролет е редовен учесник последните 2 години на завршниот турнир од 4 екипи.
6. Кога сме кај твоите колеги од клубот, со кој се разбираш најдобро на, но и вон теренот? Се дружите ли и надвор од клубот?
Не би издвоил некој посебно, бидејќи имаме одлични односи меѓу сите играчи како на теренот така и надвор од него.
7. Како и секогаш доаѓа време за смена на генерациите, конкретно говорам за македонската сениорска репрезентација. Како гледаш на потенцијалот кај вас, младите ракометари?
Со оглед на тоа што ракометот е број еден спорт во Македонија, се поголем е бројот на деца кој се одлучуваат за него. Сметам дека има огромен потенцијал и постојат одлични играчи кој со напорна работа и посветеност ќе успеат да се наметнат како идни носители на македонската репрезентација.
8. Твое мислење за Олимписките квалификации за ОИ во Рио? Дали Македонија може конечно да го оствари сонот, кој долго го очекуваме сите љубители на македонскиот ракомет?
Со оглед на квалитетот со кој располага оваа репрезентација, мислам дека конечно ќе го оствариме сонот и ќе се пласираме на ОИ во Рио.
[two_fourth]
Име Презиме | Ласко Андоновски | Позиција на која настапува | Среден бек |
---|---|---|---|
Датум на раѓање | 15.06.1991 | Прв клуб | Младост Ресен |
Место на раѓање | Битола | Сегашен клуб | РК Тинекс Пролет |
Висина | 183см | Тежина | 80кг |
9. Ако дојдеме сега кај тебе дома и го отвориме фрижидерот, што ќе најдеме во него?
Дефинитивно овошје! :-) хаха
10. Што може да те изнервира најмногу за време на натпревар?
Недисциплина и почетнички грешки.
11. Што ќе им порачаш на читателите на МакРакомет?
Да веруваат во себе, да бидат позитивни и да читаат МакРакомет!