Одбираме повторно „Играч на неделата“ како и секоја недела од македонските екипи кои настапуваат во ВИП Супер лигата, Лигата на шампиони и СЕХА лигата. Оваа недела нови 5 играчи, од кои со принцип на гласање заедно ќе го одбереме најдобриот играч за таа недела.
1. Дарко Стојковски (РК Металург 2)
Ракометарот на РК Металург 2, Дaрко Стојковски во текот на овие 18 натпревари прикажа одлична игра и има статистички успешна реализација. На последниот натпревар од првата фаза од ВИП Супер лигата, против екипата на Работнички, Стојковски беше стрелец на 5 голови. Стојковски заедно со Димитар Димитриоски се најефикасни во составот на Металург 2.
2. Реваз Чантурија (РК Пелистер)
По преоѓањето од екипата на Макс Струмица во екипата на Пелистер, ракометарот Чантурија има досега успешна сезона. На секој натпревар на оваа екипа, Чантурија се наоѓа во топ 3 најефикасни ракометари. И на овој натпревар против екипата на Борец, Чантурија беше стерелец на 9 голови за својата екипа. Според прикажаната игра, овој ракометар се наоѓа во нашиот избор за играч на неделата.
3. Марко Бувиниќ (РК Металург)
Со 18 победи од 18 натпревари, екипата на Металург успеа да ја заврши оваа фаза од натпреварувањето без пораз. На последниот натпревар против екипата на Тинекс Пролет, Металург очекувано славеше, а како најдобар поединец на оваа средба се истакна десниот бек Марко Бувиниќ кој постигна 7 голови. На сите натпревари на Металург, овој ракометар прикажува одлична игра и е еден од најдобрите ракометари според бројот на асистенции. Сосема заслужено, Марко Бувиниќ е кандидат во нашиот избор за играч на неделата.
4. Мартин Поповски (РК Вардар Јуниор)
Десното крило на Вардар Јуниор и младински репрезентативец нa Македонија, Мартин Поповски се најде во нашиот избор за играч на неделата. Поповски беше најдобар поединец на одличниот натпревар против екипата на РК Охрид. Поповски постигна 7 голови и заедно со Чурлевски беа најзаслужни за победата против екипата на Охрид.
5. Алекс Душебаев (РК Вардар)
Екипата на Вардар викендов беше дел од завршницата на Сеха лигата. Во полуфиналето, вардарци успеаа да го поразат Загреб и со тоа да обезбедат учество во финалето. Во финалето, екипата на Вардар беше поразена од Веспрем, а Душебаев беше најдобар ракометар од составот на вардарци. Душебаев постигна 4 голови и се најде во тимот на Сеха лигата како најдобар десен бек.
Играч на неделата (28.03.2016 - 03.04.2016)
Вкупно гласале: 414 ![]() |