Денес стартува и втората фаза од натпреварувањето во женската Супер лига, во која на самиот почеток ќе се сретнат екипите на ЖРК Куманово и ЖРК Металург. Улогата на домаќин ја има екипата на ЖРК Куманово и со поддршка од своите навивачи ќе се обиде да му се спротистави на противникот и да приреди изненадување.

Почетокот на овој натпревар е закажан за 18:30 часот, а ќе се одигра во спортската сала при училиштето ,,Х.Т. Карпош“. Во двата натпревари во досегашниот дел од првенството, поуспешна е екипата на ЖРК Металург која успеа два пати убедливо да ја совлада екипата на ЖРК Куманово.

Во оваа втора фаза од натпреварувањето ќе се приклучи и екипата на ЖРК Вардар, која поради обврските во ЛШ го пропушти основниот дел.