Управниот одбор при РМФ на денешната седница едногласно ја прифати неговата оставка на Ивица Обрван, по неуспехот во квалификациите за Рио во Гдањск. Со што официјално ја заврши приказната со селекторската функција во нашата машка ракометна репрезентација.

Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов јавно потврди дека постоела опција Обрван и предходно да добие отказ.

„По поразот од Белорусија во Краков сериозно размислував дека е време за разделба со Ивица Обрван. Одлуката ми беше во глава но кога се вратив во Скопје и разговарав со дваесетина луѓе директно инволвирани во ракометот повеќето ме предупредија дека не треба да правиме коренити промени во така краток период. Од денешен аспект знам дека одлуката да го задржиме Обрван е погрешна“ – изјави Мукаетов.

Во понеделник ќе биде испишан конкурс за нов селектор, а ќе биде формирана комисија во состав Милчо Чакарески, Гино Стрезовски и Славе Атанасовски, која потоа ќе го изврши изборот на нов кормилар, кој ќе ја води репрезентацијата во јунскиот бараж со Чешка за пласман на следното ЕП.