Ракометарите на Вардар на вчерашниот натпревар потфрлија во својата игра, загубија 26:29 од вицешампионот Веспрем. Дали преголемиот оптимизам и толку посакуваната победа им ги замрзна нозете и рацете, останува да видиме во реваншот на жешкиот терен во Веспрем. Одбраната не беше на потребното ниво, многу лесно доаѓаа ракометарите на Веспрем до чиста позицијата, каде на голот Штербик беше немоќен цел натпревар.

Во нападот без конкретна идеја, одличната одбрана на Веспрем ги сопре Горбок, Македа, Цинриќ и Тоскиќ. Светла точна на натпреварот беше само Игор Карачиќ, кој успеваше да ја надигра одбраната и расположениот Алиловиќ на голот. Со што со право беше избран за најдобар ракометар на натпреварот, но сепак неговата одлична игра не беше доволна за позитивен резултат на крајот.

Како и да е, како што и Карачиќ изјави, вардарци треба да останат со кренати глави и да гледаат кон следниот предизвик, реваншот во Веспрем. Каде до тогаш треба да направат анализа, да ги поправат своите грешки и да одиграат одличен натпревар, кој би ги однел на Ф4 турнирот!

„Пред се би сакал да им се заблагодарам на навивачите, не само на „комитите“ туку на сите оние кои ни дадоа одлична поддршка, но не успеавме да ги израдуваме. Најмногу ми е жал за нив, дадовме се од себе, одигравме борбено, но влеговме во црна дупка од десетина минути, што гостите го искористија за да се одлепат резултатски. Нивните голмани ни одбранија премногу зицери, но верувам дека ќе биде подобро на реваншот. Јас сум таков карактер што секогаш сакам да останам со крената глава и да гледам кон следните предизвици, се надевам дека ќе ги отстраниме сите грешки што ги направивме денеска и на реваншот ќе одиграме уште подобар натпревар“ – изјави Карачиќ на прес конференцијата, веднаш после натпреварот.