Денес ќе се одигра “дербито“ помеѓу екипите на Вардар и Металург, одложениот натпревар од 3-то коло во плејофот од македонското ракометно првенство. Натпревар кој за жал го нема стариот жар за публиката, причината за тоа многу добро ја знаете, па нема да ја повторуваме. Туку може да кажеме дека на теренот ќе искочат младите ракометари на РК Металург, кој ќе го дадат својот максимум, се со цел да им парираат на искусните вардарци и да го покажат својот несомнем талент и квалитет.

Еден од талентираните ракометари на РК Металур, Филип Кузмановски истакна дека се спремни за борба и оставање срце на терен. Натпревар во кој нема што да загубат, туку можат само да добијат.

„Ние влегуваме во мечот со ладни глави, со насмевки на лицето, но со лавовско срце. Спремни сме за борба и едвај чекаме да почне натпреварот. Цела сезона ги чекавме овие два меча со Вардар и дај Боже уште еден во Купот и се надевам дека ќе оставиме добра слика и ќе бидеме задоволни по вечерашниот натпревар. Ќе биде меч добродојден за секој од нас, меч во кој нема што да загубиме“ – изјави Кузмановски.

Истотака, треба да се спомене дека вечерва Дејан Манасков првпат во својата кариера ќе игра против Металург и Лино Червар, како ракометар на Вардар. Еве што изјави Манасков во пресрет на вечерашниот натпревар:

„Сигурно дека Металург е послаб од екипата која беше кога бевме ние. Сега јас не бев тука минатата година да ги гледам натпреварите со Вардар, но погледнав некој од нивните дуели во Лигата на шампионите на почетокот на сезоната. Едно е сигурно, познавајќи го Лино знам дека ќе ги мотивира многу, затоа што знам што значи Вардар за Металург, особено за него. Меѓутоа ние треба да играмe, без разлика на сѐ, да го играме нашиот ракомет со максимум за лагање и мислам дека нема да имаме никакви проблеми“ – изјави Манасков.

Натпреварот ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“, со почеток во 19.00 часот.
Правдата ќе ја дели битолската судиска двојка, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.