Денес продолжуваат натпреварите од завршницата на нашата најсилна ракометна женска лига. Екипата на ЖРК Металург денес на домашен терен ја пречекува екипата на ЖРК Куманово. Ова е четврти натпревар помеѓу овие екипи, а поуспешна екипа во досегашните дуели е екипата на ЖРК Металург.
Натпреварот е закажан за денес со почеток во 14 часот, а ќе се одгра во спортската сала во Автокоманда. За сите љубители на ракометот, влезот на овој натпревар е слободен. Екипата на ЖРК Металург досега, во рамките на плејофот е непоразена и има максимални бодови (9) како и екипата на
ЖРК Вардар. Директната пресметка за првото место на табелата помеѓу екипите на ЖРК Металург и ЖРК Вардар се очекува да биде во текот на наредната недела.
Табела: ЖРК Вардар 9, ЖРК Металург 9, ЖРК Вардар Јуниор 6, ЖРК Куманово 3, ЖРК Пелистер 0.