Да денешниот состанок на РФМ, покрај изборот на Лино Червар за нов селектор на сениорската репрезентација, се одбра и нов селектор на кадетската репрезентација. Го именуваа легендата на македонскиот ракомет, Пепи Манасков кој моментално е шеф на стручниот штраб на Вардар Јуниор, клуб кој оваа сезона успеа да обезбеди пласман на фајналфор турнирот од Купот на Македонија.
Манасков во следниот период ќе треба да го достави својот план и програма за работа, по што ќе следи и списокот на играчи на кои ќе смета за претстојните подготовки за ЕП во Варна, Бугарија.
Пепи Манасков ќе го замени Александар Јовиќ, кој оствари голем успех со пласманот на ЕП што летово ќе се одржи во Данска.
Среќно!