Македонската младинска репрезентација со 3 порази ја заврши групната фаза на ЕП во Данска. По поразите од Норвешка, Данска и Холандија, нашата репрезентација како последна пласирана останува да се избори за подобар пласмен од 9-то до 16-то место на шампионатот и воедно да ја забележи својата прва победа.
По слободниот ден, денес нашите ракометари ќе играат против репрезентацијата на Шведска. Репрезентација која истотака потфрли во групната фаза, каде што никој не се очекуваше да претрпе три порази (Хрватска, Германија и Унгарија).
Така да денес овие две репрезентации ќе се борат за првата победа на овој шампионат и оправдување на очекувањата на својата публика.
Натпреварот ќе се одигра од 18:00 часот, со пренос на следниот ЛИНК.