Македонскиот репрезентативец Филип Лазаров летово си замина од РК Вардар и се пресели во романскиот Темишвар. Каде одлично се снајде и покажа одлични игри на првите контролни натпревари против Андриа Петре, Сату Маре и ПИК Сегед.
На првиот натпревар против Андриа Петре, македонскиот бек беше стрелец на 3 погодоци, против Сату Маре постигна 7 погодоци. Додека на натпреварот против ПИК Сегед постигна 9 погодоци, но сепак не беа доволни за поволен резултат. Темишвар загуби минимално со 31:32. На овој натпревар забележителен настап на голот имаше и голманот Златко Даскаловски.
Одлуката да замине од РК Вардар беше одличен избор на нашиот репрезентативец. Средина во која ќе добива поголема минутажа, по што формата ќе оди во нагорна линија!