На денешната прес-конференција во пресрет на утрешниот натпревар против РК Вардар, тренерот на РК Металург, Лино Червар ја префрли фаворитската улога кај „црвено-црните“ и видно задоволен од враќањето на металурзите во СЕХА лигата, најави дека во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се гледа атрактивен ракомет, како на утрешниот така и низ целата сезона во ова натпреварување.
„Металург пак ќе игра во СЕХА лигата и тоа е важно за нас, пред сè за да нашите млади ракометари, кои ќе добијат искуство низ лигата. Утре Вардар е фаворит, но ние сакаме да им пружиме што е можно посилен отпор. Имаме многу помлади играчи, но во овие наши ракометари има многу голема иднина. Знаеме дека ни претстои многу работа и дека мора да имаме трпение. Ги повикувам навивачите да дојдат во што е можно поголем број. Дрогришки и Обрадовиќ нема да настапат поради повреди, но не смееме да размислуваме на проблемите. Не гарантирам позитивен резултат, но верувам дека наскоро ќе бидеме рамноправни со сите клубови“ – изјави Лино Червар.
Натпреварот ќе се одигра утревечер од 20:30 часот, во СЦ „Борис Трајковски“.