Барселона ја продолжува доминацијата во шпанската „АСОБАЛ“ лига и оствари нова победа против тимот на Гвадалахара 25-34 (15-14). Toa што е невообичаено за овој натпревар е дека каталонците имаа негатива на полувреме. Сепак нивното фуриозно второ полувреме придонесе за нова лесна и убедлива победа.

Нашите репрезентативци беа штедени од Чави Пасквал, па така Борко целиот натпревар го помина на клупа, додека Лазаров со скромната минутажа успеа да постигне само 1 погодок.

Автор: Б.Ф