Тимот на Поли Темишвар во кој настапуваат двајцата наши интернационалци Филип Лазаров и Златко Даскаловски загуби на гостувањето кај Васлуи (32-29). Филип Лазаров беше еден од клучните „алки“ на гостинскиот тим со 3 погодоци и неколку асистенции, кој сепак не беа доволни за изненадување. Златко Даскаловски не доби минутажа на овој натпревар.

Следниот предизвик за Темишвар ќе биде бранителот на титулата, екипата на Динамо Букурешт. Нова можност за нашите двајца интернационалци да ја подигнат формата во пресрет на квалификациските дуели за пласман на ЕП во Хрватска.

Автор: Б.Ф